Меси најдобар фудбалер на сите времиња во избор на ФорФорТу

Аргентинскиот капитен Лионел Меси се најде на првото место во изборот на 50 најдобри фудбалери на сите времиња на реномираното британско списание за фудбал ФорФорТу (FourFourTwo).

Меси е избран за најдобар во историјата на светскиот фудбал пред Бразилецот Пеле и Аргентинецот Диего Армандо Марадона, на второто и третото место.

Португалецот Кристијано Роналдо е рангиран на четвртото место на вечната листа, а легендарниот Холанѓанец Јохан Кројф на петтото место.

Меѓу топ 10 во изборот на ФорФорТу се и Зинедин Зидан, Франц Бекенбауер, Алфредо Ди Стефано, Роналдо и Џорџ Бест.

16.02.2023 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега