Мета ја укинува можноста за допишување со пријателите од Фејсбук на Инстаграм
Мета во наредните денови ќе ја укине функцијата која досега им овозможуваше на корисниците да се допишуваат со своите пријатели од социјалната мрежа Фејсбук на Инстаграм.
Компанијата ја воведе оваа можност во 2020 година, а сега ќе ја „исклучи“ интеграцијата меѓу платформите без причина. Оваа одлука би можела да биде потег за избегнување на регулаторните последици во Европската унија.
Интеграцијата меѓу платформите беше најавена во 2019 година и „оживеа“ во 2020 година, со што се „бришеа границите“ меѓу двете најпопуларни услуги на компанијата Мета. Но, Месинџерот и Инстаграм сега повторно се разделуваат, што значи дека нема да може да започнете нов разговор или да се јавите со вашите пријатели на Фејсбук преку Инстаграм.
Оние кои имаат постоечки разговори со Фејсбук профили на Инстаграм ќе можат да ги задржат, но само во верзија само за читање.
Покрај тоа, корисниците на Фејсбук повеќе нема да можат да го видат статусот на вашата активност, како и извештајот за прочитана порака.
Конечно, сите постоечки разговори со Фејсбук профили нема да бидат преместени во сандачето на која било платформа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа