„Ми остана уште половина ден“ - Трамп вети дека во рок од 24 часа ќе ја заврши војната во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веднаш штом ќе се договорат преговорите, процес за кој рече дека веќе е во тек.
Откако како претседателски кандидат рече дека може да ја заврши војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата, Трамп истакна дека му останува уште половина ден за да ја постигне таа цел. „Ќе се обидеме да го направиме тоа што е можно побрзо. Знаете, војната меѓу Украина и Русија никогаш не требаше да започне“, им рече тој на новинарите во Овалната соба.
Изборот на Трамп за државен секретар Марко Рубио претходно во понеделникот изјави дека не може да постави временска рамка за завршување на војната меѓу Русија и Украина, но им рече на новинарите дека секоја страна ќе мора да се откаже од нешто, како природен дел од решавањето на каков било конфликт. Тој исто така призна дека Русија е агресорот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа