Миа Костова: Лажат, не наседнувајте на ова

 

Македонската позната инфлуенсерка Миа Костова револтирана што е мета на измамниците на Интернет. 

Имено, нејзини фотографии и наводно интервју се злоупотребуваат за продажба на таблети за слабеење. 

Миа на своите фанови им порача да не наседнуваат на ваквата измама! 

- Ова интервју е комплетно измислено, во живот не сум дала вакви изјави, во живот немам користено апчиња за слабеење, во живот не би кажала вакво нешто ниту би била дел од вакви кампањи! Ако некој има инфо како да стасам до оној кој стои зад ова сра*е кое личи и како некој чуден превод преку гугл транслејт уште во наслов, ве молам информирајте ме! Ова не е моја изјава! Во ниту еден дел! Не наседнувајте! - објави таа на својот фејсбук профил. 

Претходно, во низа други случаи голем број познати беа мета на измамници за продажба на производи преку Интернет. 

28.03.2024 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега