Мицкоски ја промовираше програмата на ВМРО-ДПМНЕ: Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин

Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме. Следува период на нова надеж, нов исчекор каде ќе покажеме дека не сме сите исти и дека сме различни од нив. Проектот Обнова на Македонија опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од најдобрите експерти од земјава и странство, базирана на директните потреби на граѓаните и ја синтентизираат нашата визија во работи со конкретни рокови кон кои јас како човек и мојот тим се обврзуваме дека ќе ги исполниме. Го имате мојот збор, а дадениот збор е најважната обврска врз која почива угледот и честа на секој поединец.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на промоцијата на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ: Проект Обнова – се обврзуваме.

-Обновата е нешто кое го бара народот и чека долго време, а таа подразбира да имате контрола на својот живот, но и контрола врз заедничките судбини. Тоа значи да имате повеќе за да ви биде подобро. Подразбиранова надеж, шанса за сите, подразбира да го сакате своето, да го помните минатото, но и да се борите за иднината. Македонија мора да се промени, а таа промена која сакате да ја видите е токму обновата. Знам дека многумина од народот се длабоко разочарани и имаат причина за тоа, но тоа нема да ги промени работите, ама вашиот став и вашиот глас можат тоа да го сторат. Измамите се веќе познати, веќе видени и  народот нема да дозволи докажани лекции да се повторат и да троши енергија за нешто што е докажано дека не вреди. Секој еден човек не треба да се плаши да го промени мислењето и да поддржи нешто што вреди, а Македонија вреди повеќе од се друго, рече Мицкоски.

Тој порача дека обновата е и обнова на духот, победа над просечноста и статус кво на политиките, обнова на институциите, обнова на вредностите.

-Но  и обнова на идеалите, човекот верува и сонува, и тоа мора да го вратиме и да го одржиме пламенот за Македонија. Европска Македонија е возможна, и ќе се избориме заедно за неа. Не ова што го имаме денес, а тоа е обесправена, Македонија изгубена меѓу патот на криминалот и корупцијата, во чекалницата на ЕУ далеку од можноста за пристоен живот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и целиот интелектуален и експертски тим седи зад еден голем проект.

-Проектот се вика Обнова. Обнова со повеќе од 1000 проекти за секого. Главниот фокус на Проектот обнова на Македонија се економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна, повеќе пари за секого. Ние мораме преку реиндустријализација и константен економски развој да постигнеме стандарди базирани на вредности. На народот потребни му се пари, наместо демагогија, а на државата работа и резултати, наместо неспособност и порази, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега