Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот сместени во ГОБ „8 Септември“
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ги посети повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани во ГОБ „8 Септември“ Скопје.
Во оваа болница се лекуваат дел од повредените од пожарот во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
По посетата премиерот ќе даде изјава за медиумите.
18.03.2025 - 07:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа