Мицкоски: Македонија мора да се гради насекаде, без оглед на партиската припадност на градоначалникот
-Јас би сакал да кажам дека нема да се задржувам на делот за тоа што веќе претходните говорници го кажуваа, а тоа е кои се проектите коишто се финансирани од страна на буџетот и во првиот, но и потенцијалните коишто ќе бидат финансирани од вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, тоа го кажа координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за локална самоуправа, рече Мицкоски.
Мицскоски потенцираше дека многу е важно да се гради Македонија , без разлика дали градоначалник е од редовите на владата или е од редовите на опозицијата.
-Јас само сакам да кажам дека многу е важно да се гради Македонија насекаде, без разлика дали градоначалник е од редовите на владата или е од редовите на опозицијата. Јас навистина жалам што денеска градоначалникот на Делчево не е со нас, за да покажеме дека кога нешто убаво се прави, без разлика што сме од различни политички опции дека треба да сме заедно на ваков еден убав настан, бидејќи сепак ова се проекти за граѓаните, ова не се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку ова се проекти за делчевчани и тоа е нашиот мотив и тоа е нашата инспирација, истакна премиерот.
-Се надевам дека ова е само еден момент на слабост на СДСМ и дека во другите општини каде што има градоначалник од редовите на СДСМ или од опозицијата кога ќе појдеме да ги промовираме овие проекти коишто се за граѓаните, ќе повторам не за политичките партии, дека сепак ќе имаме градоначалници коишто се денеска во политичките партии коишто се опозиција. Така што да сумирам им честитам на делчевчани за новите проекти, додаде Мицкоски.
За тие проекти коишто дополнително ќе се реализираат со вториот повик, отприлика 6 до 8 пати повеќе ќе се финансира во Општина Делчево од тоа што е годишниот буџет на општината за реализирање на капитални инвестиции и тоа е добро. Така што еве уште еднашка нека ни е напомош денот, сепак денеска го славиме Разловечкото востание и затоа сме тука и да се радуваме на реализираните проекти, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа