Мицкоски му честиташе и му подаде рака на Филипче

Новиот премиер на државата, Христијан Мицкоски му подаде рака на вчера избраниот претседател на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски кажа дека не сака да се меша во работата на другите политички партии, но посака СДСМ да биде конструктивна опозиција.

-На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работат во интерес на граѓаните и татковината. Јас и во моето експозе во Парламентот кажав дека секогаш кога станува збор за интересите на Македонија и на македонските граѓани подавам рака. Така ќе биде и во иднина. Членството на СДСМ одлучило така, нам не ни преостанува ништо друго освен таа одлука да ја почитуваме бидејќи немаме право и не сакаме да се мешаме во работата на другите политички партии, рече Мицкоски.

01.07.2024 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега