Падна млад дилер на дрога, полицијата му пронајде кокаин, марихуана и хашиш

 

Полициски службеници од СВР Тетово денеска го лишиле од слобода Х.Х.(33) од тетовски Порој, кај кого е пронајдена дрога.

Како што соопшти МВР, денеска во периодот од 7:30 до 8:30 часот, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Х.Х., при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хашиш.

Х.Х. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.

03.07.2024 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега