Мицкоски: На Македонците им е преку глава да бидат граѓани од втор ред
За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски условите што вчера ги упати ДУИ за премиер Албанец и за прифаќање на бугарските барања, се барања за храбрење на членството на ДУИ во сопствените редови, кои треба и да останат таму.
„Демократската унија за интеграција, изгледа се чувствува прекомфорно и комотна во ова тригодишната коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на којшто функционира со СДСМ, така и со сите останати политички партии. Она што сакам да им го порачам и на нив е да внимаваат како се однесуваат, бидејќи на Македонците и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред. И таков тип на барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство“, изјави денеска Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност. Според Мицкоски ваквата реторика и начин на однесување не само што не носи добро, туку напротив само ја заострува ситуацијата во држава и дека поминаа времињата кога ДУИ се чувствуваше комотно и романтично во Владата на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа