Мицкоски: Некои трговски ланци водат политичка борба против Владата
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада и тоа не е добро, истакна премиерот Христијан Мицкоски на прес конференција во Владата, а во врска со барањата и забелешките на трговците околу цените и маржите на производите во трговската мрежа.
Претседателот на македонската Влада потврди дека одлуката е донесена и треба да се почитува, а доколку новата комора на трговци има нов предлог што ќе биде во интерес на стандардот на граѓаните, тогаш предлогот ќе биде разгледан на вонредна владина седница.
-Со жалење можам да констатирам дека некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, и тоа не е добро. Но, тоа е нивни избор и јас тука не можам ниту да го оправдам, ниту да го осудам затоа што оваа е демократска држава со право на говор и секој што мисли дека треба да води легитимна борба нека се бори. Владата донесе одлука, таа одлука е резултат на сите разговори, скрининзи на терен и се што добивме како инпут и врз основа на сето тоа донесовме одлука и таа одлука треба да се почитува и применува. Доколку кој било има подобар предлог со кој што можеме да го подобриме стандардот на граѓаните подготвен сум да разговарам во секое време. Нека се состане таа комора и да го видиме предлогот за да знаеме на која платформа можеме да разговараме и доколку таа е подобра, и во насока на подобрување на стандардот на граѓаните, ние ако треба ќе одржиме вонредена седница на Влада и предлогот ќе го прифатиме. Во меѓувреме, посочи премиерот, ќе продолжат контролите, пазарните инспектори и комисијата за заштита на конкуренцијата ќе продолжат и ќе бидат присутни на терен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа