Мицкоски очекува брзо решение за проблемот со црквата


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема повеќе тензии на терен во однос на реконструкцијата на црквата во Галате и очекува час поскоро да се реши проблемот.  Повтори дека ќе има вакви провокации и апелираше за смирување на состојбата. 

– Од информациите од теренот сигурен сум дека тензии повеќе нема. Ви го кажав мојот став во врска со ова прашање што беше резултат на тие тензии, очекувам час поскоро да се реши овој проблем и мислам дека воопшто немаше потреба од ваков тип на емоција, туку беше сосема нормална работа сето тоа да се случи. Но, јас ви кажав и тоа го коментирав во текот на вчерашниот ден што се крие реално позади сето ова и апелирам повторно за смирување на состојбата насекаде. Ќе има вакви провокации, изјави Мицкоски.

Посочувајќи дека „многу пари се испокрадени изминативе години и многу голтари станаа милионери“  рече дека свесни и исплашени дека конечно ќе одговараат, единствен начин да се спасат и да предизвикаат дестабилизација и несигурност се вакви изолирани инциденти. 

-Тие немаат друг начин, ова е тоа, затоа што знаат дека денот кога одговорноста доаѓа полека но сигурно се наближува. Тие гледаат и се исплашени и во страв прават вакви работи, рече Мицкоски, на новинарско прашање дали планира да има средба со градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани за намалување на тензиите околу реконструкцијата и уредувањето на дворот на црквата Св. Петка во Галате. 

12.09.2024 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега