Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се спасат сите пациенти

 

Сакам само уште еднаш да се заблагодарам на луѓето кои што го примија овој прв бран кој што вчера сите нас не шокираше после оној ужасен настан што се случи во Кочани, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција. 
 
Мицкоски им се заблагодари на здравствените работници за пожртвуваноста која што ја манифестираат, им се заблагодари и на соседите и на сите земји кои што излегоа во пресрет и прифатија дел од пациентите, на оние кои што испратија свои медицински тимови во Македонија. 
 
Борбата ќе продолжи и во деновите кои што следат. Министерот напомена дека сите оние кои што биле во или околу објектот на овој ужасен настан да се пријават на лекар и да побараат медицинска помош, затоа што може да има ефекти после неколку дена, рече Мицкоски. 
 
„Така што да следиме како ќе се развива состојбата, се прават натчовечки напори за да бидат сите пациенти стабилни и да си отидат дома во полна здравствена кондиција и состојба.
 
Така што јас уште еднаш сосема на крај, да ви кажам дека како Влада остануваме фокусирани, сега во 14 часот имаме повторно состанок во рамките на владата кај мене, за активностите кои што следат. Потоа во 17 часот имам уште еден таков состанок, така што тоа што го кажуваме, тоа и ќе го правиме во периодот кој што следи.
 
Благодарност до сите кои што се хумани, сакаат да помогнат. После денешниот состанок ќе има и начин како таа помош може да се канализира, сметка за донации итн. Така што јавноста благовремено ќе биде информирана за чекорите кои што ќе следуваат“, истакна Мицкоски.
17.03.2025 - 13:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега