Мицкоски вечерва во Битола- Дел од публиката на вториот концерт од караванот “Македонијо во срце те носиме”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва беше дел од публиката во Битола на вториот концерт од караванот “Македонијо во срце те носиме”.

Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

Сите концерти почнуваат во 20:30 часот, а по Битола во преубавата македонска песна ќе ужива и публиката во Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје.

Караванот тргна од плоштадот во Штип, а планирано е да заврши во Скопје.

13.09.2023 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега