Мигранти извадија ножеви близу македонската граница

Двајца мигранти се повредени со нож во тепачка пред Прифатниот центар за мигранти во Прешево, соопштија за Танјуг од Основното јавно обвинителство Врање.

Пред портите на прифатниот центар за мигранти во Прешево во саботата најпрвин имало вербална дискусија, а потоа К.М. (34) од Египет извадил нож и неколку пати ги избодел А.Н.(23) и М.Н. (24), двајцата од Сирија.

Осомничениот побегнал и по него е започната потера.

10.12.2023 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега