Милошоски: Ден Дончев и Заев заедно го пишувале соопштението со кое денеска ќе се правда скандалот за рекетирањето

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на двојот фејсбук профил напиша дека Ден Дончев и Заев заедно го пишувале соопштението со кое денеска ќе се правда скандалот за рекетирањето.

„Ден Дончев сношти најави соопштение за денес, во врска со скандалот со видео снимката на која зема сноп пари и аудио снимките на кои се слуша како Заев му “дал пас” да дејствува со инспекции во “фирмата”, а ги спомнува и Вилма, и Блажо од Финансиско разузнавање, Нино Тодоров и адвокатот Медарски.

Но, зошто Ден Дончев нема да одржи прес конференција туку ќе оди само со соопштение?

1. Затоа што на прес конференција искусни новинари од Сител, Телма, Канал5, Алсат, Плусинфо, МКД.мк, Алфа, ТВ21, и други медиуми сигурно ќе му постават незгодни прашања за снимките, за рекетирањето, за името на торбарот што ги носел парите до Струмица, за тоа дали и колку во овој скандал бил вмешан министерот Филипче, и пред се, според кој закон Заев како премиер му давал ‘пас’ на директорот на Фондот за здравство да праќа полициски и финансови инспекции во приватни фирми?

2. Дончев денес ќе оди само со соопштение, затоа што тоа соопштение вчера до касно вечер заедно го пишувале со Зоран Заев, за да нема разногласие, како што беа усогласени да лажат дека Дончев дал оставка од ФЗО поради семејни причини. Заев има особен интерес да се координира и да проба да го заштити Дончев во овој рекет-скандал, во спротивно ризикува во блиско време Дончев да биде следниот кој пред некој судија ќе извика ‘рекетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заеви” (Дончев знае многу работи за бившиот премиер, за Венко, па и за интересната улога на Бајруш во аферата).

3. И третата причина зошто Дончев денес за мега скандалот би одел само со соопштение е можноста тој веќе да не е во Македонија, туку далеку преку океанот. Се разбира дури и бегството од Македонија не би можело да е без координација со Заев .., но бидејќи бегството би било и потег на признавање на вина, претпоставувам дека Дончев е поверојатно сеуште да е во Скопје, или можеби во родното Муртино.“ напиша Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега