Милошоски: Измените за продолжување на рокот на пасошите се заглавени на превод

 

Опозицијата бара пратениците од власта да ги поддржат измените со кои би се продолжил рокот на важност на пасошите до крајот на годината.

Пратеникот Антонио Милошоски на прес-конференција во Законодавниот дом вели дека намерно се одолговлекува носењето на измените.

-Она што ни е кажано од Собранието е дека овој Предлог закон поднесен од ВМРО-ДПМНЕ пред 10 дена се уште е на превод, но навистина сме зачудени што има толку да се преведува во преведувањето на датумите. Ние бараме датумот 12.02.2024 година да биде заменет со датумот 31.12.2024 година. Се гледа дека и сегашниот Претседател на Собранието не одлучува сам, веројатно во негово име одлучуваат Талат Џафери и Бујар Османи кои што се против решавање на овој проблем кој што го имаат граѓаните, рече Милошоски.

Тој побара од пратениците од власта да ги поддржат измените за да се реши проблемот со патните исправи.

Инаку, техничкиот министер за внатрешни работи изутрината во гостување во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ рече дека добил писмен допис од Брисел дека Европската Унија нема да прави проблем за патувања со пасоши со „Република Македонија“, но потребно е пратениците да ги донесат измените.

21.02.2024 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега