Милошоски: Македонија утре ќе го добие четвртото вето

Советот на министри на ЕУ закажан за утре, 8-ми декември, ќе се одржи преку видео-конференциска врска на министрите, без присуство. Ваквите онлајн седници на ГАК се сметаат за неформални и не можат да носат конечни одлуки или заклучоци, објави на Фејсбук пратеникот Антонијо Милошоски.

– Затоа Советот на министри утре ќе даде предлог-заклучоци за проширувањето, како и предлог-заклучоци за Македонија и Албанија во пакет. Овие предлог заклучоци ќе бидат предмет на усвојување од земјите членки преку начинот познат како „писмена процедура”, што трае еден ден, односно би требало да се потврдат на 9-ти декември. На утрешниот неформален министерски Совет, ниту за Македонија, ниту за Албанија, нема да има дискусија за предлог рамка за преговори со ЕУ, заради немање на консензус кај земјите членки – вели Милошоски.

Тој додава дека во предлог заклучоците на Советот на министри нема да има датум  за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, ниту датум  за тоа кога би се одржала на првата меѓувладина конференција. Ќе има само препорака дека меѓувладината конференција треба да се свика што е можно поскоро, откако со консензус во Европскиот Совет ќе биде усвоена преговарачката рамка.

– Дополнително, ќе има став каде Советот укажува дека добрососедските односи остануваат суштински елемент во процесот на проширување, како и напомена за важноста Македонија да испорача видливи резултати преку конкретна имплементација на билатералните договори со Бугарија и Грција. Од 2018-та до крајот на 2020-та ова ќе биде четврто по ред вето за Македонија, односно со дипломатски речник немање на консензус за датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ – пишува Милошоски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега