Милошоски: Владата прави една голема глупост и штета за Охрид, Струга, Преспа и Дојран што не ги дига рампите на Србите

Денес Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ по остварената средба во Охрид беше запрашан од медиумите како ја коментира ВМРО-ДПМНЕ мерката на Владата во која што се изостави Охрид да биде бесплатна дестинација за српските туристи.

„Мислам дека Владата прави една голема глупост и штета за Охрид, за Струга, за Преспа и за Дојран, за тоа што ги субвенционира српските туристи кои што одат за Грција, Турција или на други места, а не ги дига рампите или не ги ослободува од патарина кога српските туристи би сакале да дојдат во Охрид, во Струга, во Преспа или во Дојран што нанесува туристичка и економска штета за овој крај“, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека смета дека треба од Владата да ја преиспитаат одлуката особено начинот на објавување на некој си наводен тендер за три милиони евра за електронски картички кое што е само трошење на пари или корумпирање на одредена фирма. За тоа што нема потреба од електронски картички ако некој има српска картичка и доаѓа за Охрид или оди Грција, оди за Дојран, треба само да се кренат рампите и тоа е се.

„Државата не мора да има дополнителни издатоци освен ако некој близок до премиерот не сака тие работи повторно да ги стави во нечиј џеб“, рече Милошоски.

28.05.2021 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега