Минатата година во Дебар собрани вкупно 482 крвни единици
Дебарската општинска организација на Црвен крст информира дека минатата година во Дебар и Центар Жупа се собрани вкупно 482 крвни едници.
-Во соработка со Институтот за трансфузиска медицина, минатата година реализиравме седум крводарителни акции, во кои, како и дадени едници во итни случаи, се прибрани 482 крвни единици, што претставува 64 отсто остварување на годишниот план. Тоа како последица на масовната миграција во нашиот регион, од каде во светот заминаа многу редовни крводарители, но и млади кои се потенцијал да станат доброволни крводарители, изјави Исни Телќиу, секретар на организацијата.
Во претходните години, планот на годишно ниво редовно, не само што се исполнуваше, туку и надминуваше во просек за 20 до 30 отсто, со што Дебар се вбројуваше меѓу најхуманите општини во земјава.
Телќиу најави дека утре ќе биде спроведена првата крводарителна акција од планиранте седум редовни и две воредни акции за годинава.
Екипата на Институтот ќе биде сместена во објектот на Црвениот крст во Дебар, со чиј план за доброволно крводарување за годинава се предвидува да се приберат 744 крвни единици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа