Министерката му стави „кец“ на образованието: Има неправилности на универзитетите во Тетово и Струга

 

На Тетовскиот универзитет утврден е нелегален избор на двајца наставници, нерегуларности има и на „Апостол Павле“ и во Струга, открива министерката за образование, Весна Јаневска во интервју за РСЕ.

– Образованието заслужува оценка единица – вели Јаневска и најавува нови наставни методи.

Таа рече дека затекнала огромни долгови со кои сè уште не можеат да се справиме иако поминаа речиси четири месеци.

-Затекнавме состојби нерешени и напластувани со години. Немање на учебници, неподготвеност за 1 септември, неисплатени стипендии, значи комплетно запоставен студентски стандард, комплетно запоставен ученички стандард, започнати проекти и застанати во одреден подолг период без причина, неисплатени награди, неисплатени обврски кон истражувачите кои објавувале во списанија со импакт-фактор – истакна министерката.

Таа рече дека основците следната година ќе учат по ревидирана концепција

– Има јасна слика што ќе се задржи, а што ќе се менува во концепцијата за основно образование. Измените ќе бидат од следната учебна година – најавува министерката за образование и наука Весна Јаневска за РСЕ.

04.11.2024 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега