Министерот Меџити одржа прва средба со претставници на синдикалните организации

 

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска ја одржа првата средба со претставници на синдикалните организации од областа на здравството. На средбата стана збор за актуелните прашања за регулирање на статусот на здравствените работници, по што дијалогот ќе продолжи со сите надлежни институции, како што се Фондот за здравствено осигурување, Министерство за финасии и Министерството за труд и социјална политика, во координација со Владата.  

-Синдикатите се наш партнер и во оваа прилика сакам да се заблагодарам за конструктивната соработка. Намерата и интересите се заеднички. За нивните барања ќе се разгледаат сите законски и финансиски можности за што поскоро нивно решавање, посочи министерот на средбата со синдикатите. 

07.03.2023 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега