Мисајловски: Граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку статус на Фејсбук пишува дека денеска бил на средба со граѓаните на Шуто Оризари.
„Заедно со најголемата коалиција “Твоја Македонија” обединети и сплотени на заеднички средби со нашите пријатели од Општина Шуто Оризари!
Тука можеме да констатираме дека граѓаните на Шуто Оризари се целосно заборавени од власта на СДСМ и ДУИ! Ветуваа живот за сите, подобар живот за младите, но младите како и возрасните поради лошите услови за живот и невработеноста се иселуваат и среќата ја бараат надвор од Македонија!
Затоа тука граѓаните се цврсто решени дека се потребни промени! И, драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени и подобра иднина!
Сите заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа