Мисајловски: Ќе водам позитивна кампања, заедно ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот на Заев

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 2, денеска најави дека ќе оди гордо кај граѓаните и ќе презентира проекти и она што им е потребно на граѓаните.

Мисајловски рече дека како на последните локални избори, така и сега непосредно пред кампањата за овие избори, нему и на семејството им се случиле многу лоши работи, палење на имот, куќата, сега палење на дуќанот, но оти дека тој ќе продолжи со позитивна кампања.

– Сакаат да ме исплашат, сакаат да не одам на терен. Да им порачам: јас сум Владо Мисајловски ме викаат Кендо. Им порачувам дека јас ќе водам позитивна кампања со гордо крената глава и исправена кичма. Ќе одам секаде со моите прекрасни луѓе, а тие со нивните багабонти криминалци – рече Мисајловски.

Носителот на листата на пратеници во ИЕ 2 истакна дека акцент ќе се стави на борбата против корупцијата.

– Мора да се стави крај на корупцијата и криминалот на Заев, Спасовски, а овде во Ѓорче Петров на Наумовски. Ќе продолжам со позитивна кампања. Јас не можам да размислувам за црни работи. Јас ќе зборувам за колку ќе бидат повисоки платите, пензиите, ќе зборувам за инфраструктура – порача тој.

Мисајловски ги повика сите граѓани да се приклучат и како што рече „сите заедно да ја исправиме кичмата која што ни ја искривија“.

– Мојот тим направи протокол и ќе бидеме многу внимателни. Апелирам до сите да ги почитуваат мерките. Не одиме од врата на врата, но ќе бидеме во нивните дворови, пред зградите. Во овие 20 дена кампања ќе докажеме зошто ВМРО-ДПМНЕ е организирана партија, како се сака Македонија и дека граѓаните заслужуваат многу проекти кои им ги нуди партијата – рече Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега