Мишо Ковач пуштен од болница, се огласи неговата сопруга
Музичарот Мишо Ковач (82) неодамна беше хоспитализиран, откако со возило на брза помош беше пренесен во сплитската клиничка болница. Како што пишуваат хрватските медиуми, тој е пуштен на домашно лекување.
По тој повод се огласи неговата сопруга Лидија Ковач.
– Благодарение на лекарите, на целиот медицински персонал и на сите вработени во болницата, кои во невозможни услови даваат се од себе за доброто на секој пациент, Мишо го продолжува опоравувањето дома – рече Лидија.
Ковач, кој минатата година требаше да настапи на новогодишната ноќ во Вуковар, поради високата температура мораше да го откаже тој настап.
Ова не е првпат познатиот пејач да се соочува со здравствени проблеми, но деталите за неговата моментална состојба се уште не се познати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа