Пукале од кола: Еден убиен и еден ранет во пукотница во Батинци

Едно лице е убиено, а едно е тешко рането при пукање од автомобил кое утрово се случило во скопското село Батинци.

Од МВР велат дека пукотницата се случила во 09:25 часот. Пукано било од автомобил „мерцедес“ кон патничко возило „форд“ кон две лица од селото Црн ВРВ на возраст од 31 и 34 години.

-во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, велат од полицијата.

01.07.2024 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега