Мистеријата од британскиот кралски двор: Со години им била дадилка на Хари и Вилијам, а по еден настан исчезнала
Големата мистерија од британскиот дворец е жената со име Барбара Барнс, кога што во текот на 80-те години им била дадилка на принцовите Вилијам и Хари, а потоа едноставно исчезнала.
Принцезата Дајана во текот на 1982-та година, откако го родила синот Вилијам, ја вработила тогаш 42-годишната Барбара како дадилка на својот син, по препорака на Ен Гленконер, чии пет деца за 14 години ги одгледувала Барбара.
Новата дадилка деноноќно се грижела за Вилијам, а потоа открила дека се грижела и за неговата мајка, кога таа имала 21 година, пренесува „Daily Mail“.
Дајана, која што патела од булимија, била склона на самоповредување, па Барбара едноставно станала „куче чувар“ на британската принцеза.
Како што раскажал некој член од вработените, сведок на тоа време, Барбара собата на Дајана ја чувала како тоа да е Ватикан, а потоа завладеала и во останатите простории во кои што престојувала принцезата, но и нејзиниот син Вилијам.
Откако во 1984-та година се родил и малиот принц Хари, Барбара добила двојна улога, станала и негова дадилка. Со оглед на бракот на Лејди Ди и принцот од Велс бил сериозно загрозен, а таа на Хари и Вилијам им била како мајка и била со нив додека Дајана присуствувала на хуманитарните акции и одењето со пријателките на кафе, а Чарлс бил на службени патувања.
Вилијам и Хари својата дадилка ја нарекувале баба, а таа од рано наутро одела во нивната соба каде што тие си играле додека не се разбуделе нивните родители.
Поради грижата кон принцовите таа ја добила улогата „сурогат мајка“.
Сè изгледало идилично, но Дајана забележала дека Барбара премногу се зближила со нејзините синови, па почнала да се дистанцира од неа.
Капката која што ја прелила чашата бил годишниот одмор на Барбара каде што присуствувала на роденденската забава на поранешниот лорд Гленконер, па се фотографирала со многубројни славни личности.
На Дајана тоа не ѝ се допаднало, па ѝ дала отказ. Наводно принцезата наредила Барбара да се избрка од дворецот, да ги спакуваат нејзините работи и да ја исфрлат оттаму.
На Барбара не ѝ било дозволено ниту да се поздрави со принцовите, забрането ѝ било да им се обрати и да им испраќа разгледници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа