Митева: Државниот јавен обвинител работел нетранспарентно, штител определени лични интереси и работел надвор од закон, затоа Владата бара негово разрешување
„Зошто досега не е направена сериозна борба против криминалот и корупцијата од човекот кој ја има првата обврска да го прави истото би кажала дека тоа е поради две работи. Прво поради поданичкиот однос кој го има кон оние коишто го избрале или поставиле на тоа место а тоа се СДС и ДУИ. Втората работа е заради тоа што наместо да се бориме за право и правда некако го злоупотребуваме тоа од страна на Државниот јавен обвинител, односно го заобиколуваме законот и се користи онака како што цениме дека е поволно за нас во определен момент“, истакна портпаролот на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Реформи во судството, чекор кон ЕУ“.
Митева посочи дека Владата одлучила да преземе чекори за разрешување на Државниот јавен обвинител поради нетранспарентнотно работење.
„Како Влада поради сите овие состојби и поради нетранспарентнотно работење наспроти законите, штитењето на определени лични интереси, постапувањето надвор од законите, но најважно од се поради многу ниската доверба која граѓаните ја имаат во правосудниот систем во целина, Владата одлучи да преземе вакви чекори односно да го задолжи надлежното министерство во овој случај тоа е министерството за правда, да ги покрене сите оние процедури за да се започне смена на Државниот јавен обвинител“, рече Митева.
Митева продолжи и додаде:
„Ние бевме сведоци во минатото навистина на многу голем број скандали кои се случуваа. Ние постојано зборувавме и во предизборната кампања дека мора да се стави ред во правосудството, мора да се постапува согласно закон, дека мора да ги напуштиме оние клики кои постојано го злоупотребуваат правосудниот систем, дека не смееме повеќе да дозволиме да штити лични, партиски бизнис интереси дека во оваа држава мора да воспоставиме ред“, вели Митева.
Митева потенцираше дека постапките кои ги преземаат како Влада се оправдани и се поздравени од граѓаните.
„Постапките кои ги преземе како Влада се оправдани и се поздравени од граѓаните кои несебично ни ја дадоа довербата пред само 8 месеци. Затоа што кога вие работите и го слушате гласот на народот и постапувате согласно очекувањата што се од вас тогаш мислам дека многу се мали шансите да погрешите или да ја нарушат довербата или да не доведат во ситуација да имаме извештаи како што ги имаме ние од година во година од сите меѓународни институции кои ја назадуваат Македонија и ја спуштаат на се пониско ниво“, децидна е Митева.
Митева во однос на интерпелација за членовите на Судскиот совет истакна дека таа е добар показател и добар стар за никогаш повеќе да не се повторат такви дејствија.
„Ваквиот чекор со Судскиот совет односно со покренувањето на интерпелација на членовите на Судскиот совет кои се избрани од страна на Собранието ќе биде добар показател и добар старт за никогаш повеќе да не ни се повторни вакво дејание и никој да не се чувствува дека е доволно комотен на позицијата која ја има затоа што комоцијата треба да ја имате само кога работите исклучиво за интересите на граѓаните, по закон и секогаш да се спремни да одговара за преземените активности. Мислам дека овој чин на покренување интерпелација треба да ги освести самите членови на Судски совет оние кои се избрани од Собранието и воопшто да не ни чекаат да заврши интерпелацијата“, заклучи Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа