Митревски: На 15-ти Јули, ќе имаме безбедно гласање и повикуваме граѓаните да дадат поддршка на напредокот

СДСМ денес во Струга ги презентираше мерките и ги поттикна граѓаните да ги почитуваат истите, дел од активистите поделија маски на граѓаните кои не носат и ги потсетија за ризиците од коронавирусот. Дополнително младината на СДСМ вршеше дезинфекција на поголем дел од јавните површини, велат во соопштение од СДСМ.

По настанот изјава за медиумите даде пратеникот од редовите на СДСМ – Јован Митрески, чија изјава ви ја пренесуваме:

Локалниот клуб на социјалдемократската младина е вклучен во поддршка на институциите за дезинфекција на јавните површини.

Ги повикуваме сите граѓани кои можат, имаат желба и сакаат, да се вклучат во овие активности. Сите други уште еднаш ги повикуваме и ги замолуваме најпријателски и другарски, максимално да ги почитуваат препораките за заштита од смртоносниот вирус КОВИД -19 за да се заштитат себеси, своите семејства, своите комшии и сограѓани.

Истовремено сакам да ги информирам граѓаните дека од утре започнува предизборната кампања. Ние нашите активности ќе ги прилагодиме на препораките на здравствените работници. Нема да организираме големи митинзи и собири. Нема да има посети од врата на врата. Ќе организираме настани во затворено до 30 души, а на отворено до 50 со строго почитување на мерките. Ќе ги користиме сите модерни начини како нашата понуда да стигне до сите граѓани.

Ги повикуваме сите учесници на изборите да ги почитуваат препораките затоа што нема ништо побитно од здравјето на граѓаните.

На 15-ти Јули, ќе имаме безбедно гласање и повикуваме граѓаните да дадат поддршка на напредокот, на иднината и на просперитетот на нашата држава.

Заедно МОЖЕМЕ, уште повеќе, уште подобро!“ рече Митревски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега