Млада мајка и нејзиното бебе нападнати од куче во скопски Карпош

Во текот на вчерашниот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во градот.

На 5.9.2024, во 9.15 часот, во Полициската станица Аеродром, М. С. (73) од Скопје пријавила дека на улицата Ѓорѓи Капчев во Скопје била касната од куче скитник.

На 5.9.2024, во 15 часот, во Полициската станица Карпош, С. Л. (26) од Скопје пријавила дека на булеварот 8 Септември во Скопје таа и нејзиното бебе биле нападнати од куче скитник, при што таа била касната, а бебето паднало од количката.

 

На 5.9.2024, во 19.30 часот, во Полициската станица Драчево, И. Т. (26) од Скопје пријавила дека на улицата Јустинјан Први во Скопје била касната од куче скитник.

06.09.2024 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега