Морбитно: Тројца вработени во погребалното го отвориле ковчегот и се фотографирале со починатиот Марадона (ФОТО)

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона, денеска беше погребан на гробиштата во Буенос Аирес

Но, ниту погребот на аргентинската фудбалска легенда не помина без скандал, односно без два скандали.

Имено, фановите на Марадона најпрво се степале со полицијата која го чувала ковчегот и неколкумина од нив биле преведени. Сепак, тоа не било сè. На гробиштата се случил уште еден морбиден скандал кога тројца вработени во погребалното друштво по прошталната церемонија го отвориле ковчегот на Марадона и се фотографирале со упокоениот.

Фотографиите брзо ги преплавија социјалните мрежи, а како што пишуваат аргентинските медиуми, се очекува лицата да бидат строго.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега