Можен пресврт на пандемијата: Со израелски лек излекувани 30 пациенти
Првата фаза од испитувањето за новиот лек за коронавирус успешно е завршена во Медицинскиот центар Ихилов во Тел Авив и се покажало дека тој придонел до брзо закрепнување на повеќе пациенти заболени со ковид-19, јавуваат израелските медиуми.
Од болницата соопштиле дека тоа е „огромен напредок“ бидејќи со „EXO-CD24“ супстанцата се лекувани 30 пациенти чија состојба била умерена до тешка и сите се излекувале, а 29 од нив во рок од три до пет дена.
Лекот се „бори“ против цитокинската бура, потенцијално претеран имун одговор на инфекцијата со коронавирусот за која се верува дека е одговорна за повеќето смртни случаи поврзани со болеста.
-Лекот се вдишува еднаш дневно до пет минути во рок од пет дена и е насочен на „центарот на бурата“, белите дробови, рекол професорот Надир Арбер.
Лекот ќе се испитува и понатаму, но од болницата веќе го фалат како можен пресврт во борбата против посериозна болест.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа