МТСП: Сликите кои се споделуваат за градинката „Детска Радост“ се од 2022 година кога во објектот имаше поплава, градинката е реновирана
„Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека сликите кои се прикажани од страна на родителите за состојбата на ЈОУДГ „ Детска Радост“- населба Автокоманда, Општина Гази Баба, се од почетокот на 2022 година кога настана поплава во објектот поради пукната цевка за парно во тоалетот“. Ваква порака испраќаат од МТСП во соопштение испратено до медиумите.
„Во септември 2022 година е извршено реновирање на објектот „Мимоза“, населба Автокоманда од надворешна и внатрешна страна со санација на ѕидовите. Санацијата е извршена со средства од Министерството за труд и социјална политика преку дотација.
Со ова уште еднаш се врши залажување на родителите и јавноста, а објектот е саниран. Останат е уште мал дел кој треба да се доправи од надворешна страна и е во план за оваа година да се заврши“, се додава во соопштението испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа