Муцунски на средба со шефот на дипломатијата на ОАЕ: Интензивирање на економската и трговската соработка

 

Потребата од интензивирање на меѓусебниот политички дијалог, како и унапредувањето на економската и трговската соработка, биле посочени на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. 

На средбата, што се одржа во рамки на официјалната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, биле потврдени добрите билатерални односи и конструктивната соработка помеѓу двете земји, при што била истакната заемната заложба за нивно понатамошно продлабочување.

Во таа насока, министерот Муцунски, во име на Владата, потпишал два меморандуми за разбирање – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи.

На средбата била нагласена и важноста од интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците и стопанските комори на двете земји, со цел поголема економска поврзаност и реализација на нови инвестиции. Покрај билатералните односи, соговорниците размениле мислења и за актуелните геополитички случувања во светот. 

16.04.2025 - 10:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега