Муцунски: Повеќе од 1000 причини СДСМ да замине од власт и ниту една за да остане
Има повеќе од 1000 причини СДСМ да замине од власт и ниту една за да остане, пишува градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.
„На само четири месеци до крајот на нивниот мандат и заминувањето во опозиција, се потсетуваме на проектите кои ги ветуваа пред аеродромци во 2020 година. Мандат исполнет со лажни ветувања, недомаќинско и расипничко работење од кое последиците ги трпи државата и сите ние – граѓаните.
Ниту еден од ветените проекти кој се однесува на Аеродром, досега не е реализиран. Напротив, изминатите две години секојдневно, со сите сили и расположливи механизми, без никаква грижа на совест, ги кочат и опструираат капиталните и инфраструктурни инвестиции.“- пишува Муцунски на социјалните мрежи.
Реакцијата на Муцунски следи откако владејачката СДСМ го обвини дека во својот мандат не ги реализирал проектите што ги ветил пред изборите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа