МВР со детали за автомобилот кој излета од мостот Мајка Тереза и заврши во Вардар

Рано изутрина околу 07 часот се случила несреќата во која возило излета од мостот Мајка Тереза кај Трговскиот центар „Веро Џамбо“ и заврши во реката Вардар. Со возилото управувало 32-годишен скопјанец.

-Денеска во  07.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар. В.К. е пренесн во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување на помош, велат од МВР.

 

24.08.2024 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега