МВР за началникот што го поддржувал Хамас: Ќе следи дисциплинска постапка и соодветни санкции

 

 

Министерството за внатрешни работи известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел.

Против него, како што информират од МВР, ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции.

„Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир“, се истакнува во официјалното соопштение.

Информацијата следи по објавата на социјалните мрежи од страна на поранешниот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев каде јавно прашува дали Пендаровски и Спасовски ќе го премолчат тоа што висок началник во МВР го поддржува како што вели Хамас и нападот во Израел.

10.10.2023 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега