ВИДЕО: Полицијата влезе во Чаир - Запленета дрога, приведена девојка
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22 часот и 40 минути на подрачјето на Чаир, ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од Скопје.
При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.
13.02.2025 - 09:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа