МВР за Прес24: Палевски спроведен во КПУ Затвор Скопје
Веста дека Љупчо Палевски е екстрадиран и пренесен е во КПУ Затвор Скопје ја потврдија и официјално од МВР за Прес24.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и "убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје“, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски за Прес 24.
Невообичаено, Палчо од скопскиот аеродром до затворот во Шутка беше спроведен со цивилни возила. На македонско тло стапна во 19.30 часот. Тој е првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Определен му е 30-дневен притвор во отсуство.
Согласно изјавите на директорот на затворот, за Палевски е спремен посебен ходник, просторија а ќе има и посебна бања. Нема да биде во контакт со другите затвореници и ќе биде нагледуван под посебни протоколи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа