МЗТ Скопје по четири години се врати во првата АБА-лига
МЗТ Скопје се врати во првата АБА-лига откако славеше со 75-71 против Широки бријег за пласман во финалето на АБА2-лигата.
Меѓутоа, уште пред полуфиналниот меч беше јасно дека победникот ќе игра во елитата бидејќи Златибор претходно славеше со 98-83 против Борац Бања Лука.
Поради максималниот број на екипи во првата АБА-лига Златибор ќе разигрува против најслабата екипа од Србија во елитата, додека МЗТ по четири години ќе заигра меѓу најдобрите во регионот.
15.04.2022 - 23:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа