На луѓето не им е сеедно кога ќе ја видат на улица, а нејзиниот вереник тврди дека не направила ниту една операција на лицето
80-годишната Џослин Вилденстајн, која е позната под прекарот „жена мачка“ шокира со својот изглед каде и да се појави.
Оваа богаташка се појавила во средата на отворање на еден бутик во Мајами заедно со својот вереник, 53-годишниот моден дизајнер Лојд Клејн. Џослин, како и секогаш го привлекла вниманието поради застрашувачкиот резултат на естетските корекции на лицето.
Парот се вери во 2017 година кога Џослин го покажа својот прстен со дијамант од 32 карати, но се во врска повеќе од 15 години. Лојд и Џослин ја планирале својата венчавка за 2018 година, но се уште не го кажале судбоносното „да“.
И покрај тоа што е јасно дека Вилденстајн направила бројни пластични операции, нејзиниот вереник тврди дека тоа не е вистина.
„Не знам зошто медиумите го пишуваат сето тоа и зошто започнаа да ја нарекуваат „жена мачка“. Џослин отсекогаш изгледала така, навистина нема ништо направено на своето лице. Имам нејзини фотографии стари 16 години кои покажуваат дека изгледала исто како денес“, изјавил Лојд во една прилика.
Инаку, парот го привлече вниманието на јавноста во 2016 година, кога беше уапсен по бурна расправија. Сепак, потоа тие ја обновија својата романса. Според пишувањата на американските медиуми, Џослин по разводот со познатиот трговец на уметнички дела, Алек Вилденстајн, стекнала богатство од повеќе од 2 милијарди долари, а денес „тежи“ само 10 милиони долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа