На мајката и неговите најблиски трет ден не им е дозволен пристап до телото на Навални
Мајката и најблиските на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални трет ден не можат да дојдат до неговото тело.
Портпаролката и адвокатскиот тим на Навални соопшти дека дури ни на мајката не и било дозволено да влезе во мртовечницата кадешто се претпоставува дека е неговото тело.
„Мајката на Алексеј Навални и нејзините адвокати пристигнаа во мртовечницата рано утринава. Не им беше дозволено да влезат. Еден од адвокатите беше буквално истуркан надвор. Кога го прашаа персоналот дали телото на Алексеј е таму, тие не одговорија“, објави на социјалните мрежи Кира Јармиш, портпаролката на Навални.
Навални кој важеше за најголем противник на претседателот Владими Путин почина во петокот во арктичкиот затвор во регионот Јамал каде беше на издржување на 19-годишна затворка казна.
Како што јавуваат западните медиуми, неговата здравствена состојба со месеци се влошуваше.
Неговата мајка Људмила Навална во саботата со својот адвокат отиде во таа оддалечена казнена колонија.
Според руските затворски служби, Алексеј Навални (47) починал во петокот откако ненадејно му се слошило „по прошетка“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа