На милионерот му е наложено да го сруши својот дворец од 64 милиони долари поради тоа што заборавил една „ситница“
Дитер мoра да го сруши својот дворец во наредните 18 месеци - пресудено е во судот во Франција...
Британскиот милионер Патрик Дитер и неговата сопруга Моника сакале да купат вила во Тоскана, но наместо тоа одлучиле да си изградат сопствен дворец во тоскански стил на југот од Франција, на само еден час од Ница.
Оваа огромна вила наречена е „Дворец Дитер“, има 18 апартмани, две места за слетување на хеликоптери, базен и уредени градини. Но, очигледно е дека оваа неверојатна недвижнина нема уште долго време да стои на тоа место, пренесува „nypost“.
Францускиот суд ја потврдил пресудата од 2019 година која што вели дека овој дворец е изграден нелегално и му налага на Дитер да ја сруши во рок од 18 месеци.
Судот исто така одредил и казна семејството да мора да плати 550.000 долари од старт, но ќе мора да платат и дополнителни 600 долари од ден, доколку имотот не го срушат до јуни 2022 година.
Дитер со години се бори да го задржи овој дворец, а казните само се „собираат“. Во март 2019 година специјалниот суд во Франција пресудил дека дворецот е изграден без дозвола и тоа на заштитено шумско подрачје. Но, две години подоцна како и многубројните платени казни, милионерот не е подготвен да го прифати поразот.
Постојат некои индикатори дека Дитер овој случај ќе го однесе и до Европскиот суд за човекови права.
Инаку, Дитер дворецот го градел дури 11 години до 2011 година, а во 2009 година група луѓе се побуниле и рекле дека градењето мора да запре.
Забавите кои што се одржувале на дворецот броеле и до 2.000 луѓе, а гостите пристигнувале со автомобили и хеликоптери, а на соседите им пречел системот за озвучување со 132 огромни звучници поставени по целиот имот.
На сослушувањето во судот во 2016 година Дитер изјавил дека „заборавил да побара градежна дозвола и дека ги игнорирал налозите за престанување со градењето“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа