На нарко принцезата ѝ се закануваат 40 години затвор - имала само 18 години кога се омажила за Ел Чапо
Обвинителите се подготвени на Ема Коронел Аиспуро, уапсената сопруга на мексиканскиот нарко бос Ел Чапо, да и понудат нов живот под заштита доколку открие детали и тајни на картелот Синалоа и така да помогне истиот да се уништи.
Таа, заедно со своите деветогодишни близначки би добила нов живот, идентитет и документи, и покрај тоа што во моментов и се закануваат 40 години затвор поради обвинение за заговор поради дистрибуција на дрога.
Мајкл Вигил, поранешен офицер на "DEA", кој минал години инфилтриран во мексикански и колумбиски картели, верува дека таа ќе ја прифати понудата.
„Хоакин Ел Чапо Гузман, шеф на картелот и воедно нејзин сопруг, ќе ја охрабри да соработува за да им се одмазди на оние што го предале. Таа ќе биде во искушение поради можноста за нов анонимен живот. Верувам дека ќе соработува", смета тој.
Ема знае луѓе од горниот ешалон на картелот
Според неговите зборови, Ема е една од најблиските лица на мексиканскиот нарко бос и запознаена е со внатрешното работење на картелот.
„Ема ги знае идентитетите на горниот ешалон на картелот, патиштата за шверц на дрога и како се произведува. Тоа што е најважно, таа може да даде многу информации кои може да донесат до обвинение против членови на Синалоа, што не би завршило добро по нив. Исто така, ги знае сите владини службеници во Мексико кои добивале мито", додава тој.
Нов идентитет, пасош и возачка дозвола
Коронел Аиспуро, поранешна мис, била уапсена на аеродром и обвинета за заговор за дистрибуција на кокаин, хероин, марихуана и метамфетамин во САД. Откако се појавила на суд во Вашингтон, "нарко-принцезата" била префрлена во затворска ќелија, додека нејзиниот сопруг се наоѓа во самица во затвор во Колорадо.
„Инспекторите ќе ги искористат чувствата на Ема за да постигнат резултат. Знаат како да ја искористат ситуацијата и да договорат соработка", додал Вигил.
Тој смета дека Ема најмногу ќе мисли на своите ќерки, Емали и Марија, кои се најголем мотив за правење на договор. Со обвиненијата против неа, може да добие 40 години затвор, што таа никако не сака, објаснува тој.
"Ема во случај да го прифати договорот би добила нов идентитет, пасош и возачка дозвола. Би ја сместиле на тајно место, би помогнале околу сместувањето и би и дале пари пред да и најдат работа. Нејзините ќерки би биле со неа", вели Вигил.
Нејзиниот татко и брат биле трговци со дрога
Сопругата на озлогласениот нарко бос, Ел Чапо, е родена во САД, но поголем дел од својот живот минала во Мексико.
„Ќе и биде многу тешко бидејќи не зборува течно англиски. Поголем дел од животот минала во Мексико, па во САД ќе мора да се соочи со нова култура. Исто така, ќе бараат од неа да се вработи, а таа никогаш немала кариера, па доколку не го совлада јазикот, ќе заврши на полошо работно место", рекол ветеранот на "DEA".
Ема отсекогаш била во картелските кругови. Пораснала во мексиканската држава Дуранго, областа на златниот триаголник на трговија со дрога. Нејзиниот татко Инез и брат и Омар биле трговци со дрога, па во таа работа била влезена од многу рано. За Ел Чапо се омажила многу млада, со одвај наполнети 18 години, а тој тогаш бил 32 години постар од неа. Притоа двете семејства се споиле, а Ел Чапо нејзините брат и татко ги поставил на главни позиции во картелот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа