На ова се чекаше со години: Семејството на Шумахер конечно ги отвара вратите за камерите

 

Поминаа 7 години и 1 месец од страшната несреќа која го снајде легендарниот Ф1 пилот, Михаел Шумахер на француските Алпи. Сега, по толку долг временски период, јавност најверојатно ќе дознае во каква состојба се наоѓа популарниот Шуми, некогаш најдобриот Формула 1 возач во светот.

Двајца германски креатори, Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертонс ќе снимаат документарен филм за Шумахер.

Веста ја потврдија и од семејството Шумахер, а освен пресек на неговиот живот и кариера, ќе биде претставена и несреќата. Режисерите на овој проект ќе добијат фотографии од последните 7 години од животот на Михаел.

Од тој 29. декември 2013 година многу малку се знае за здравствената состојба на Шумахер. Информациите главно досега доаѓаа од извори блиски на семејството, но не и од членовите на самото семејство.

Во документарниот филм насловен само како „Шумахер“ ќе зборува и сопругата на Михаел, Корина, татко му Ролф, неговата ќерка Џина – Мариа и син му Мик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега