Над 200 лица во Куманово, Липково и Старо Нагоричани во изолација
На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане според евиденцијата на СВР Куманово во изолација се вкупно 207 лица, додека 40 лица потпишале изјави за самоизолација, информираше денеска кумановската полиција.
– Поднесени се 18 кривични пријави за непочитување на изолација и самоизолација и сите лица редовно се контролираат од страна на полициски службеници од СВР Куманово-соопштија од СВР Куманово.
Последнава недела расте бројот на тестирања и зголемен е бројот на заразени од коронавирус на подрачјето на Куманово. Според последните податоци од денеска на Министерството за здравство во Куманово евидентирани се нови 40 лица, а оздравени се 18. Од почетокот на пандемијата во Куманово евидентирани се 13.388, а во моментов активни се 259 случаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа