Најголема заплена на амфетамини во Хрватска- пронајдени 35 килограми дрога
Повеќе од 35 килограми амфетамини пронајдоа инспекторите за дрога кај 30-годишен маж во Сплит, што е најголема заплена на амфетамини во Хрватска досега, се дознава од полицијата.
Дрогата била запленета во вторникот кога полицијата со судска наредба извршила претрес во станот што го користел 30-годишникот и по тој повод биле пронајдени и одземени 35 пакувања амфетамин со вкупна тежина над 35 килограми.
Покрај тоа, во станот биле пронајдени 617 грама марихуана, дванаесет стебленца марихуана и опрема за одгледување. Покрај кривичната пријава за неовластено производство и трговија со дрога, 30-годишникот е предаден на супервизор за притвор во средата, соопшти полицијата.
„Ова е досега најголема заплена на овој вид дрога во Република Хрватска. Оваа заплена е продолжение на позитивниот тренд и одличните резултати на полициското одделение Сплит-Далмација кога станува збор за криминал со дрога”, изјави портпаролот на полицијата, Антонела Лолиќ.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа