Најголеми кавгаџии- хороскопски знаци кои немаат трпение

 

 

Овен

Овните се познати по нивната агресивност, импулсивност и тврдоглавост. Лесно се фрустрираат, па со нив навистина треба да бидете претпазливи, никогаш не знаете што може да ве снајде. Еднаш штом се налутат, нема да се срамат тоа да ви го дадат до знаење. Немаат големо трпение, веднаш ќе започнат кавга, а од кавгите секогаш излегуваат како победници.

Скорпија

Сами по себе не се агресивни, но ако некој ги повреди лесно ќе се разбеснат, па дури може да бидат насилни. Нема да се воздржат од викање, фрлање предмети или удирање по ѕидови. Ако ги налутите, лесно ќе започнат кавга. Големи злопамтила се и никогаш не забораваат за што сте се скарале.

Бик

Биковите знаат да бидат агресивни и со нив нема компромис. Не сакаат кога некој не се сложува со нивното мислење, па мирната расправа може да порасне во сочна кавга. Многу се страсни и упорни во нивните ставови, брзо се лутат, избувнуваат ако некој им се спротивставува. Штом еднаш се налути, Бикот е подготвен да се кара до несвест, а ретко признава дека не е право за нешто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.11.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега