Најскапите градови во светот во 2023 година

 

„Економист“ објави кои се најскапите градови во 2023 година. Индексот на трошоците на животот во светот ги споредува цените на повеќе од 200 производи и услуги во 173 градови во светот. Резултатите покажуваат дека Сингапур и Цирих се најскапите градови во светот во 2023 година, а потоа следува Њујорк.

Сингапур ја задржа првата позиција како најскап град во светот деветти пат во последните единаесет години. Цирих се искачи од шестото место за да му се придружи на Сингапур на врвот туркајќи го Њујорк, кој се изедначи со Сингапур за првото место минатата година и беше на третото место.

Цирих се искачи погоре на листата поради швајцарскиот франк и високите цени на продуктите, предметите за домаќинството и рекреативните активности.

Три американски града – Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско – се меѓу првите десет. Западна Европа отпаѓа на четири од десетте најскапи градови на листата благодарение на зголемувањето на цените на храната и облеката. Руските градови Москва и Санкт Петербург забележаа најголем пад на рангирањето бидејќи санкциите ја ослабеа рубљата.

Сингапур, Цирих, Њујорк, Женева, Хонк Конг, Лос Анџелес, Париз – ова е листата на најскапи градови во 2023 година.

Цените на комуналните услуги, пишува „Економист“, имале најбавна инфлација во категориите опфатени со нивното истражување. Инфлацијата влијаеше на цените на храната во целиот свет. Во Њујорк цените пораснаа 1,9 отсто. Иако некои прехранбени производи, како што се јајцата и говедското месо, како и рекреативните активности, забележаа зголемување, цените на бензините и облеката останаа ниски.

Азија продолжува да бележи релативно ниски зголемувања на цените во просек, иако Хонг Конг се најде на петтото место на листата.

Упсана Дут, шеф на глобалните трошоци за живот во „Економист интелиџенс унит“, се надева дека инфлацијата ќе се забави во наредната година. „Кризата на трошоците на животот едвај е завршена, а нивото на цените останува далеку над историските трендови. Очекуваме инфлацијата да продолжи да се ублажува во 2024 година“, рече таа.

21.12.2023 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега