„Најтаинствена на светот“: Близок извор до поранешната прва дамата откри 'сочни' детали од бракот на Доналд и Меланија
Приказните за бракот на Доналд и Mеланија Трамп започнаа да кружат уште од нивната венчавка.
Влегле во конфликт, се разведувале, Меланија ја обвинуваа дека е спонзоруша и дека органски не може да го поднесе својот сопруг, дека Доналд е неверен итн.
Како што наведуваат британските медиуми, тоа не е точно. Така вели и Стефани Винстон Волкоф која што изнела детали од односите на брачниот пар. Инаку, таа е поранешна советничка и пријателка на Меланија Трамп.
Како што навела Стефани, Меланија била првата личност на која што Доналд ѝ се јавувал по некој негов јавен настап, а таа секогаш го охрабрувала и му давала комплименти колку е прекрасен и мил. Тоа требало да го зголеми неговото его и да го охрабри. Тие на тој начин ја искажуваат својата припадност еден кон друг.
„Без оглед на тоа каде е, тој прво ќе ѝ се јавеше на Меланија, а потоа ќе ја прашаше каков бил, со задолжително „душо“, како да бара нејзино објаснување, а таа искрено ќе му одговореше, но се трудеше и да го охрабри“, изјавила Стефани која што по напуштањето на Белата куќа ја објави книгата „Меланија и јас: Издигнување и пад на моето пријателство со првата дама“, во која што исто така објави и некои интимни детали од животот на Доналд со убавата Словенка.
Можеби Меланија никогаш не зборува за бракот со Трамп, но дека приказните за разводот се далеку од вистината е точно затоа што меѓу нив владее вистинска љубов.
Стефани вели дека на снимките каде што Меланија ја тргнува раката од Доналд како да не сака да ја допира и дека сака да се оддалечи од него, воопшто не се реална слика за нивниот брак.
„Кога ќе ги 'уловите' нивните погледи и како се гледаат еден кон друг и ќе го препознаете флертот и заведувањето, тоа кажува повеќе од било што “, изјавила Стефани.
Таа додала и дека Меланија со години имала контрола над својот изглед и создавала бајковита приказна за да остане енигматична.
„Сметав дека моја должност е да престанам со заштитата и да ја кажам вистината за првата дама која што е најтаинствена на светот“, изјавила Стефани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа